Јогата како терапија за луѓето кои страдаат од болки во грбот

Нов систематски преглед укажува на тоа дека јогата може да доведе до намалување на болката и функционалната способност кај луѓето со хронични заболувања во долниот дел на грбот за краток временски рок. Сепак, истражувачите велат дека потребни се повеќе истражувања за да се обезбедат информации за долгорочни ефекти.

Болката во долниот дел на грбот е чест здравствен проблем и обично се третира со лекови и домашна нега. Кај некои луѓе терапијата може да трае и повеќе од три месеци – хронична болка. Болките во грбот понекогаш се поврзани со болест или состојба, но во повеќето случаеви причината е непозната. Тековните истражувања посочуваат на јогата како алтернативна терапија која може да биде од корист.

Јогата стекна голема популарност како форма на ментално-телесна вежба, со општите придобивки на животниот стил, а последните студии го истражуваат потенцијалниот бенефит од јогата за олеснување на симптомите на долниот дел од грбот и слични поврзани проблеми.

Прегледот ги сумирал податоците од 12 рандомизирани испитувања кај 1.080 мажи и жени од 34 до 48 годишна возраст. Процесот на испитување е спроведен во Индија, Велика Британија и САД. Сите учесници страдале од хронични болки во долниот дел од грбот.

Сите јога интервенции кои се искористиле биле специјално подготвени за третманот за болки во долниот дел на грбот, обезбедени од искусни и квалификувани наставници.

Резултатите покажале дека правењето на јога вежби ја подобриле функцијата на грбот и ја редуцирале болката уште во првите шест месеци. Меѓутоа сепак потребни се пообемни студии за да се извлечат цврсти докази за долгорочните здравствени ефекти на јогата.

Во оваа студија исто така се наведени контраиндикации како резултат од правењето јога вежби, кои се манифестирале кај 5% од учесниците. Контраиндикациите резултирале со дополнителни болки во грбот.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,230од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.приближно по тековен курс · 07.11.2026 16:36

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.