Каде има најбрз мобилен интернет ?

Резултатите се врз основа на мерења од страна на обични корисници на мобилен телефон со помош на „Нетрадар“, бесплатна мобилна апликација за анализа на квалитетот на мобилните конекции и уреди. Кога ја користат апликацијата, корисниците добиваат податоци за квалитетот на нивната врска. Истовремено, овие податоци анонимно се зачувуваат во базата на податоци на „Нетрадар“ и се користат за увид на јавната покриеност и понатамошни истражувања

„Нетрадар“ е развиен од Универзитетот Алто во Финска.

Неколку фактори  влијаат на интернет брзините во различни земји. Брзината на мобилниот интернет не зависи само од мобилните оператори и застојот на мрежите, но исто така и од уредот, ограничувањата на брзината вклучени во претплатата, оддалеченоста  на корисникот од антената на операторот, опкружувањето и достапните радио технологии.

Бесплатната апликација „Нетрадар“ ги добива мерките за квалитетот на мобилната мрежа во однос на брзината на преземање (download) и поставување (upload), латенцијата и јачината на сигналот, мрежните проблеми и перформансите на одделни брендови на паметни телефони и таблети. Апликацијата е адаптабилна за “Android“, “iOS“, “Windows Phone“, Blackberry, Nokia X, Meego, Symbian and Jolla/Sailfish.

Мапaта на брзината на мобилниот интернет од целиот свет  можете да ја најдете на  http://www.netradar.org. и http://www.internetsociety.org/netradar.

Анализата „Мобилен интернет во светот 2014″ е објавена денес.

Досега, апликацијата е инсталирана 200.000 пати од 6 000 различни модели на уреди. Базата на податоци во моментов има над 5 милиони мерења од целиот свет.

Поддржете ја нашата работа: