Како би изгледал светот без луѓето?

Светот без луѓето во него би изгледал како африканска савана, според една неодамнешна студија направена од тим дански научници. Тие дури  изработиле и мапа за да покажат како би изгледал светот без „homo sapiens“.

И не е изненадување што светот без човечка цивилизација би изгледал многу слично на денешната африканска савана.

Еден од авторите на студијата објаснува „Причината зошто Африка е главното место за сафари не е затоа што тој континент е природно премногу богат со разни видови на цицачи, туку само покажува дека тоа е единствено место каде човековите активности сѐ уште не го уништиле поголемиот дел од големите цицачи“.

Претходни истражувања покажале дека причина за масовното исчезнување на многу од големите цицачи е подемот на модерниот човек, за време на и непосредно после првото ледено доба.

Ако луѓето не го поттикнале исчезнувањето на другите цицачи, местата како денешен Тексас, Бразил и Аргентина би претставувале подрачја каде останатиот животински свет би бил во изобилие.

Гигантските мрзливци и древните коњи би ја крстареле Америка. Носорозите и слоновите би се шетале низ континентална Европа.

Овие наоди не се прецизни но научниците се надеваат дека овие податоци ќе помогнат да се зачува дивиот свет.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt