Како да ја избегнеме токсичната пластика?

Веќе повеќе години во светот се добропознати негативните ефекти што може да ги предизвика присуството на (BPA)  бисфенол-А во пластичните производи, затоа во многу држави е забранета употребата на бисфенол-А во пластичните производи и законски треба да биде истакнато на самиот производ дека производот не содржи бисфенол-А.

Производителите на пластични производи како замена за бисфенол-А почнаа да употребуваат други слични супстанци меѓу кој можеби најчесто употребуван е ( BPS ) бисфенол-С 

Анализите на бисфенол-С ( BPS ), сугерираат дека тој има негативно влијание на хормонскиот систем на телото и развојот на животински ембриони и истото важи и за многу други екстензии на бисфенол.

Познати како „имитатори“ на естроген, БПА и БПС не се единствените синтетички хемикалии во тврдата пластика. Во лабораториски тестови, 95 % од стотиците секојдневни пластични производи се позитивни  на тестот за истекување на естрогенски хемикалии. Од компаниите не се обврзани да ги кажат хемикалиите кои ги користат во производството, па здравствените лица советуваат дека најдобро решение е да се избегнува контакт со пластиката во домаќинството.

Со забелешката дека е речиси невозможно да не бидете изложени на пластика во текот на еден ден, тука се и двете листи. Првата содржи селекција на пластични предмети или производи кои содржат пластични смоли и за кои експертите велат дека треба да ги избегнувате или да ги дезинфицирате рацете по нивно допирање. Втората листа содржи безбедни алтернативи.

1.  ИЗБЕГНУВАЈТЕ

Спортски шишиња од тврда пластика

Пластични кутии за храна

Пластична фолија

Тешки и флексибилни пакувања

Пластични кеси

Компоненти на бебешки шишиња (цуцла, прстен, лагер, итн)

Пластични комлети за оброк

Пластични производи за чистење

Термално обработена хартија

Конзервирана храна и пијалок

Марамици и тоалетна хартија

2. АЛТЕРНАТИВИ

Шишиња од нерѓосувачки челик

Керамички чинии  и садови

Едножична восочна хартија

Се што е направено од волна, памук, коноп или биоразградливи влакна без пластични компоненти

Производи за чистење без пластика како што се сода бикарбона, оцет и етерични масла

Кујнски апарати од нерѓосувачки челик или сиво леано железо

Стаклен блендер

Ракавици од природна гума ракавици

Рециклирана, поединечно завиткана тоалетна хартија

Изолиран сапун

Џебно шамивче

 

Ознаки на пластиките

PET (Полиетилентерефталат) – Овие производи ( најчесто шишиња ) се наменети исклучиво за еднократна употреба. Испуштаат тешки метали како антимон и EPA, кои штетно делуваат на хормоните.

HDP (полиетилен со голема густина) – Испушта хемикалии.

PVC (поливинил хлорид) – Испушта две отровни хемикали штетни за хормоните.

LDPE (полиетилен со ниско ниво на густина) – Не е опасна, не се употребува за изработка на шишиња туку за пластични ќеси за храна

PP (полипропилен) – Ова е „добра“ пластика. Обично е бела или полупроѕирна. Во ваква пластика се пакуваат сирупи или чаши за јогурт.

PS  (полистирен) – Една од најопасните пластики. Испушта канцерогена хемикалија -“STIREN“.  Најчесто оваа пластика се користи за една употреба и во неа се пакуваат кафињата за носење.

Пластика без ознака – Најлошата пластика која најчесто се користи а испушта “BPA“. Пластичните производите на кои не е означен видот на пластиката, најчесто се изработени од сомелена стара пластика каде што е невозможно да се одреди составот и степенот на контаминација со супстанци од различно потекло. ( Оваа пластика најчесто има карактеристичен лош мирис )

Поддржете ја нашата работа: