Како до повеќе меморија на Вашиот телефон

И покрај големата меморија што ја имаат нашите смартфони, ние секогаш имаме потреба од неколку мегабајти повеќе.

Еве неколку совети како да ослободите повеќе меморија:

– Избришете ги апликациите што не ги користите.

– Вашите податоци секогаш префрлувајте ги на мемориска картичка.

– Вашите фотографии или слики префрлете ги на компјутер или на некој cloud сервис.

(Употребата на Cloud сервисите се можеби најдобро решение за чување на каква било содржина, многу често знае да ни се расипе и оштети телефонот до тој степен што скапоцените моменти од вашите најмили ќе ги снема засекогаш).

– Наместо да го полните телефонот со mp3 музика користете апликации за аудио стриминг.

– Пред да почнете со снимање прво проверетe ја резулуцијата на видеото (не мора секогаш да снимате и сликате со максималната резолуција што ја нуди телефонот, некои телефони овозможуваат снимање со премногу голема резолуција што подразбира многу голема зафатена меморија).

Поддржете ја нашата работа: