Како изгледаат некои од најстарите фотографии во човековата историја?

Во свет на зависници од Инстаграм и Снепчет, опсесијата на луѓето за фотографирање останува жива. Но, луѓето се фотографирале и пред иновациите, осветлувањето на боите, како и манипулирањето на фотографиите преку Фотошоп.

Погледнете како изгледале некои од најстарите фотографии на светот. Иако тогаш имало застој во однос на технологијата, тоа не ги запрело страсните фотографи да ги пренесат убавините на пејсажите и луѓето во смирувачки фотографии. Издвојуваме некои од најдобрите најстари фотографии. Уживајте!

1. Првата фотографија на која е прикажан човек

1На оваа фотографија, направена од страна на Луј Дагер во 1838 година, е прикажана улица (Boulevard du Temple) во Париз. Ако погледнете внимателно, на долниот лев агол ќе забележите човек на кој му ги чистат чевлите. Дури и чистачот може да се идентификува.

Иако ова не се забележува веднаш на оваа стара заматена фотографија од наизглед напуштен град, експертите велат дека ова е најверојатно првата фотографија на која е прикажан човек. (извор)

2. Првиот автопортрет, или можеби подобро е да кажеме првото селфи

2Роберт Корнелиус го направил првото селфи во 1839 година со помош на методот дагеротипија, кој е именуван по познатиот фотограф Луј Дагер. Овој автопортрет е општо прифатен како една од најстарите фотографии во форма на човечки портрет. (извор)

3. Првата фотографија од Сонцето

3Француските физичари Луј Физо и Леон Фуко, со помош на тогаш релативно новата технологија – дагеротипија, ја направиле првата успешна фотографија на Сонцето, на 2 април 1845 година. (извор)

4. Првата фотографија на пасош

4САД е првата држава која почнала да користи фотографии на пасошите. Ова е фотографија на пасош кој датира од 2 март 1915 година. Иако е издаден на име Берта Л. Вотсон, всушност се работи за Маргарет Сангер која патувала под псевдоним.(извор)

5. Првата фотографија и првиот портрет на жена

5На фотографијата е претставена Дороти Кетрин Драпер (1807-1091). Џон Вилијан Драпер (1811–1882), професор по хемија на Универзитетот во Њујорк, си изградил сопствена камера и го направил овој портрет на својата сестра на почетокот на 1840 година. Ова претставува најстарата зачувана фотографија од жена. (извор)

Поддржете ја нашата работа: