Зошто луѓето во минатото не се насмевнувале на фотографиите?

Најверојатно сте виделе стари црно-бели фотографии на кои се наоѓаат луѓе без израз на лицата, загледани во далечина. Дали некогаш сте се запрашале зошто тоа е така? Многу луѓе веруваат дека одговорот едноставно е во технологијата, но сепак има повеќе од тоа.

Раните фотографи морале секогаш да бараат од луѓето да останат мирни подолго време, па затоа има смисла дека многу од нив избрале неутрални изрази наместо насмевка. Обидете се да ја замрзнете насмевката на лицето, по некое време ќе ви стане непријатно.

Сепак, дури и кога технологијата се подобрила, и кога фотографијата можела да се направи за помалку од една минута, луѓето се уште одбивале да се насмевнат. Зошто?

За луѓето во минатото фотографирањето било многу важен, величенствен момент. Ретко се фотографирале и не секој можел да си дозволи. Луѓето не се сликале секој ден, напротив, некој тоа го правел само еднаш во животот. Позирањето за фотографија изгледало како позирање за пред сликар,а отприлика толку долго и траело, па можеби и затоа лицата останувале сериозни.

Насмевката на лицата на фотографии почнува да се појавува од 20 -30тите години. До тогаш технологијата напредувала до таа мера што камери и фотоапарати не поседувале само професионалци. Со трендот на нивно често купување веќе скоро секој поседувал уред, па луѓето можеле за малку пари да си дозволат повеќе фотографии и повеќе насмевки.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt