Како ќе изгледа „шофершајбната“ за неколку години?

Електричниот модел на „Фолксфаген“ наречен „I.D“, кој беше претставен како концепт пред  неколку месеци на саемот за автомобили во Париз, е подеднакво важен за компанијата како „Бубата“ или „Голфот“(прочитајте повеќе на енаука.мк). На овој модел можеше да се видат сите видови на футуристичка технологија што изгледаат како фантазија, но една од најдобрите карактеристики е неговата „HUD“ (heads-up display) шофершајбна, која наскоро ќе биде пуштена во производство.

Во изјавата за „Autocar“, шефот за дизајн на „Фолксваген“, Клаус Бишоф, потврдува дека компанијата напорно работи да ја реализира „зголемена HUD“ кога автомобилот ќе влезе во производство во 2020 година.

Според Бишов „зголемувањето“ тука се однесува на зголемена реалност, со тоа што новиот систем ќе може да проектира информации како тие да се наоѓаат на околу 15 метри пред возачот. Со оваа технологија возилото ќе може да ги проектира насоките на улиците, исто како да се наоѓа таму – како што е прикажано на сликата.

И други автопроизводители имаат експериментирано со слични системи за зголемена реалност, но само во фаза на концепт. „Фолксфаген“ ќе биде првиот што ќе почне да ја произведува оваа технологија.

По скапиот скандал со издувните гасови на дизел возилата, на „Фолксфаген“ очајно му треба нов хит, а со оваа нова технологија веќе има еден.

Извор: „Road & Track“

Поддржете ја нашата работа: