Како до подобар сон?

Спиењето е исклучително важно, но често не спиеме доволно поради нашиот бурен распоред. Исто како што планираме и други аспекти од нашиот живот, како на пример што ќе јадеме или вежбаме, така може да го планираме и спиењето за да постигнеме подобар одмор. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да го добиете најдобриот сон во вашиот живот.

Според Кети Видрик, инструктор и блогер, во неодамнешен пост за важноста на спиењето, планирањето на вашата рутинска вежба околу распоредот на спиење може да гарантира за добар сон во текот на ноќта. На пример, иако времето кое ќе го одберете за вежбање не влијае на квалитетот на вежбањето, сепак може да влијае на квалитетот на сонот. Видрик препорачува вежбање кардио наутро наместо навечер, бидејќи тоа им дава време на мускулите да се разбудат и го спречува мозокот од преоптоварување пред спиење. Наместо тоа, може да се обидете со посмирено вежбање пред спиење, како на пример јога, за да му помогне на вашиот мозок да се исклучи и да се подготви за одмор.

Едно од најважните прашања околку спиењето е колку сон ви е доволно. И покрај тоа што најчестиот одговор е „8 часа за одмор“ , според Националниот институт за здравство, износот на сон што му е потребен на вашето тело за да функционира се разликува во зависност до личноста. Исто така, се менува со текот на времето, со тоа што на децата и тинејџерите им е потребно повеќе сон, отколку на возрасните и старите лица.

Друг начин за подобрување на ноќниот одмор е да се создаде идеална средина за спиење. Ова вклучува исклучување на технологијата, внимавање на внесот на кофеин и задржување на одреден „распоред на спиење“ кој вклучува легнување и будење во исто време секој ден.

Поддржете ја нашата работа: