Миењето на рацете е сигурен начин за да се измијат потенцијално штетните микроби. Но, како најдобро се прави тоа според науката?
Тим на научници од Велика Британија го истражувале најдобриот начин за миење на рацете со тоа што споредувале две различни методи за миење – една метода од шест чекори според Светската здравствена организација и една метода од три чекори според Центарот за контрола и превенција на болести на САД.
За првата метода од шест чекори биле потребни 42,5 секунди, додека за втората од три чекори 35 секунди.
Со оглед на тоа што миењето на рацете, особено во болничките средини, е клучно за спречување на ширењето на инфекциите, научниците ги набљудувале навиките за миење на рацете на 42 доктори и 78 медицински сестри од една болница во Глазгов, Шкотска. Половина од нив ги миеле рацете според првиот метод, а половина според вториот метод.
По нивната интеракција со пациенти, научниците собирале примероци од рацете на докторите и сестрите за да го испитаат присуството на бактерии и откриле дека првиот метод со шест чекори е поефикасен за измивање на бактериите.
Бројот на бактерии кај оние кои ги миеле рацете според првиот метод бил намален за 21%, во споредба со оние кои ги миеле според вториот метод каде што бил намален за само 6%.
Значи, за да се осигурате дека правилно ги миете рацете, следете ги препораките од Светската здравствена организација и тоа:
– Натопете ги рацете со вода
– Земете доволно сапун за да ги покриете сите површини од рацете
– Тријте ги дланките една од друга
– Тријте ја горната страна на вашата лева рака со десната дланка и опфатете го делот помеѓу прстите. Потоа повторете го истото на другата рака.
– Тријте го горниот дел од прстите со спротивната дланка, така што вашите раце ќе бидат фатени
– Тријте го левиот палец со десната дланка и потоа обратно
– Тријте ги и врвовите на прстите
– Исплакнете и исушете