Како се прават и отстрануваат тетоважите?

Илјадници години луѓето ги тетовираат своите тела. Според „Smithsonian.com“, неколку египетски женски мумии кои датираат 2.000 години п.н.е. имаат знаци за вакви модификации на телото.

Во видеото на „SciShow“, со наслов „Науката на правење (и бришење) на тетоважите“, водителот Мајкл Аранда објаснува како тетоважите остануваат трајно на кожата, како и за современите методи со кои мастилото може да се отстрани.

„Тетоважите настануваат на тој начин што ја користат структурата на кожата и составот на мастилото што се употребува“- објаснува Аранда. Пигментот се нанесува доволно  длабоко за да не се „излупи“ со време, што тоа природно го прави најголемиот орган на телото.

Видеото исто така открива на кој начин функционира ласерското отстранување на тетоважите.Тоа се случува преку создавање на топлина на површината на кожата, со што се разложуваат честичките од пигментот, кои подоцна се отстрануваат од страна на белите крвни зрнца на телото.

Ако сакате да дознаете повеќе за тоа како остануваат тетоважите на кожата и на кој начин докторите ги отстрануваат, погледнете го видето.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,231од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.