Како се променила Земјата за 200 милиони години?

Колку се променила Земјата од периодот Пангеја? Можеби ќе се изненадите.

Нашата планета се разбира немала отсекогаш седум континенти. Многу поназад во геолошкото минато, Земјината кора била еден огромен суперконтинент наречен Пангеја, кој што се разделил на одделни копнени површини, пред околу 200 милиони години.

Научниците направија извонреден комјутерски модел кој ја прикажува трансформацијата на површината на нашата планета. Моделот ги симулира движењата на тектонските плочи – кои се карпести блокови со големина на континенет на површината на Земјата што се менуваат за да создадат планини, вулкани и земјотресни зони. Тектонските движена се претставени во временски рамки за период од 1 милион години.

„Се чини дека плочите можат да ги менуваат своите движења (брзина и правец), во геолошки краток временски период, што значи дека ако правите слики на 20 милиони години, лесно можете да испуштите регионална или глобална реорганизација на плочите“ – вели Сабин Захировик од Универзитетот во Сиднеј, Австралија, водач на истражувањето за комјутерскиот модел.

Следно што тој и неговите колеги планираат е да направат реконструкција како се движеле плочите пред распадот на Пангеја. Описот на истражувањето беше објавен во списанието  „Earth and Planetary Science Letters“.

Поддржете ја нашата работа: