Како се шири вирусот на ХИВ?

Научниците од Универзитетот Јеил, САД, внеле флуоресцентно обоени вируси во анестезирани глувци и со помош на посебна технологија за микроскопско снимање, успеале да снимат на кој начин тие се шират во клетките. Тоа изгледа многу поразлично отколку што мислевме, велат научниците.

 

Во првото видео, може да се види како вирусите (вирусот на ХИВ и MLV-вирусот, обоени во зелено) пристигнуваат до лимфните јазли на глушецот (во сина боја), каде се прицврстуваат на слој од макрофаги, со помош на еден леплив протеин што се нарекува „CD169 / Siglec-1“.

 

 

Потоа (во второто видео), се гледа како во слојот од макрофаги, на кој е закачен вирусот, навлегуваат еден редок подтип на Б-клетки, познати како  Б-1а клетки (во црвена боја), со што и самиот вирус се закачува за Б-1 клетките. Потоа, велат истражувачите, инфицираните Б1-клеткит мигрираат во лимфните јазли, ширејќи ја инфекцијата.

После еден до два дена, Б-1 клетките ќе му овозможат на вирусот целосно да се пренесе,  но можноста да се види како функцира вирусот одблизу, ќе им помогне на научниците да најдат начин да го запрат ХИВ-вирусот.

Според истражувачите, ако се најде начин да се блокира активноста на протеинот „CD169 / Siglec-1“, која му помага на вирусот да се закачи за макрофагите, клеточното пренесување на вирусот би можело да се спречи.

Иако сѐ уште на почеток, ваквите микроскопски техники може да направат радикална промена во начинот на борба против ретровирусите, велат истражувачите.  

Истражувањето беше опишано во списанието „Science“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt