Вагинално здравје – Шест најчести хигиенски грешки што ги прават жените во лето

Топлото и влажно време во текот на летните месеци носи ризици од зголемена појава на вагинални инфекции. Добрата интимна хигиена секако може да помогне да се превенираат ваквите состојби. Гениталните/вулвовагиналнте кандидијази или габичните инфекции се јавуваат кога има зголемена концетрација на габички во вагината. Речиси 75 проценти од  возрасните жени барем еднаш во животот имале некаква вагинална инфекција.

Вообичаено високите летни температури доведуваат и до зголемено потење, со цел да се оладат делови од телото, вклучувајќи ја и вулвата – надворешниот отвор на вагината. Габичките најдобро се развиваат во темна и влажна средина како што е вагиналната, со што се создава пат за развој на инфекции.

Сѐ она што ја промовира задршката на топлина и пот може да доведе до зголемен раст на микрооргнизмите, зголемувајќи ја и веројатноста од вагинални и уринарни инфекции.

Ви претставуваме шест најчести грешки што се прават кога се работи за интимната хигиена во летниот период, кои можат да му наштетат на вагиналното здравје.

1. Долготрајно седење

1

Долгото седење, покрај тоа што допринесува за појава на болки во долниот дел од грбот, го зголемува и ризикот од појава на габични вагинални иинфекции. Долгото седење во иста положба ја зголемува температурата, а со тоа и влажноста во гениталната регија поради намалената вентилација. Топлината, триењето и влагата, предизвикуваат иритации во вгиналната регија и создаваат одлични услови за развој на габички.

Доктор Алина Бакиу, уредник на „TryHealthier.com“, предупредува дека долгото седење на работното место или при долгите патувања, заедно со носењето на тесни пантолони и тесна долна облека, значително го зголемува ризикот од габични вагинални инфекции.

Најчести закани по гениталното здравје со кои се соочуваат жените во текот на топлите летни месеци се вагинитис, цервицитис и инфекциите на уринарниот тракт.

2. Вагинално испирање

2

Вагината е создадена така да може сама да се чисти и тоа преку природната секреција. Иако жените не треба да прават вагинално испирање или бришење на вагината со влажни марамчиња, се проценува дека од 20 до 40 проценти од жените на возраст од 15 до 44 години користат сапун или влажни марамчиња што всушност ја иритира вагината и го зголемува ризикот од вагинални инфекции.

Вулвата и вагината би требало да се мијат само со топла вода и да се бришат со памучна крпа, бидејќи со испирањето се отстрануваат и добрите бактерии.

Инфекциите со E.coli и стафилокок се предизвикани од фекална контаминација. За да се избегне ваква контаминација потребно е бришењето да биде од напред према назад и да се користи единствено бела и немиризлива тоалетна хартија.

3. Лоша хигена за време на менструација

3

Во летните месеци кога е повлажно, одржувањето на добрата интимната хигиена за време на менструацијата станува уште поважно. Тампоните или влошките треба да се менуваат најмногу на четири часа, или почесто, што ќе овозможи вагината да се одржува чиста и без непријатен мирис.

Доктор Тони Лонг, гинеколог во Центарот за женско здравје Ајзенауер во Ла Квинта, Калифорнија, предупредува дека се што доаѓа во контакт со вашата кожа може да биде потенцијално иритирачка „хемикалија“. Употребата на исти влошки и тампони со години може да предизвика телото да стане осетливо на некој иританс од самиот  производ. Користење на различни брендови од овие производи, од време на време, ќе помогне да се намали иритацијата и непријатноста која се јавува како последица на таа осетливост. Треба да се користат неутрални производи со минимално количество на мирис и хемикалии за да се намалат иритациите и свработ на деликатната кожа во вагиналната регија.

4. Долна облека која не е памучна

4

Изборот на долна облека може да влијае на можноста за развој на вагинални  инфекции. Бидејќи свилените и слични ткаенини може да задржуваат влага, најдобро е долната облека да биде изработена од материјал што ќе и овозможи на кожата да „дише“- како  памук на пример.

Габичките сакаат влажна и топла средина, а за жал секси долната облека е одлична за задршка на влага и топлина. Носењето на памучна долна облека, како и почестото менување ќе помогне оваа регија да биде посува, со што ќе се намали и можноста за развој на вагинални инфекции.

5. Отстранување на влакната

5

Најголемиот број жени ги отстрануваат влакната од оваа регија пред да одат на базен или плажа. Но кога би требало ова да се прави – дали еден ден, два дена пред тоа или истиот ден?

Препорачливо е „средувањето“ на гениталната регија да биде еден ден пред да влезете во отворен базен или море, за да се намали можноста од иритација на кожата од инфицираните пори и од појава на кожни инфекции. Доктор Бакиу препорачува бричењето или депилирањето да биде што пократко време пред да влезете во вода, бидејќи комбинацијата на висока темература и влага ја зголемува можноста за развој на вулвовагинитис.

„Силно препорачувам жените правилно да ја одржуваат влажноста на гениталната регија после отстранувањето на влакната – најдобро со природни средства, како што е девственото маслиново масло“- вели таа.

6. Мокар костим за капење

6

Долго време поминато во мокар костим за капење придонесува за појава на уринарни инфекции. Мокриот костим за капење ќе овозможи и развој на габички поради влажната средина и топлината.

Се што поттикнува задршка на топлина и влага може да промовира зголемен раст на бактерии со што се зголемува веројатноста од развој на вагинитис и уринарни инфекции. Други ризик фактори (општо за уринарните инфекции) се и шеќерната болест и прекумерната телесна тежина.

Поддржете ја нашата работа: