Како сонцето ја оштетува кoжата и навечер ?

Голем дел од штетата што ултра виолетовото зрачење ја прави на кожата се случува со часови после изложеноста на сонце. Ова е заклучокот од истражувањето, спроведено од тим научници од Универзитетот Јеил, објавено во списанието „Science“.

Изложеноста на УВ светлина од сонцето или во солариумите, ја оштетува ДНК-та во меланоцитите, клетките што го создаваат меланинот кој ја дава бојата на кожата. Ова оштетување е главната причина за појава на рак на кожата. Во минатото, експертите веруваа дека меланинот ја штити кожата со тоа што ги блокира штетните УВ зраци, но постојат исто така докази од истражувања кои укажуваат дека меланинот е поврзан и со оштетувања на клетките од кожата.

Истражувањето било вршено на глувци и на човечки меланоцитни клетки кои биле зрачени со УВ лампа. Зрачењето предизвикало оштетување на ДНК што се нарекува циклобутански димери (CPD), кои спречуваат информацијата што ДНК ја носи да биде правилно прочитана. На изненадување на истражувачите, меланоцитите не само што веднаш генерирале „CPD“, туку продолжиле тоа да го прават и со часови после престанокот на изложеноста. Клетките без меланин генерирале „CPD“ само за време на изложеноста на УВ зрачење.

Овие наоди покажуваат дека меленинот има и канцерогена и заштитна улога, значи одговорен е и за добрите и за лошите работи.

tanning

Потоа, истражувачите извршиле испитување колкав е степенот на оштетување после изложувањето на сонце, со тоа што кај експериментални глувци го спречиле нормалното обновување на ДНК. Откриле дека половина од „CPD“ во меланоцитите биле „темни CPD“, односно создадени во темница.

Во потрага по објаснување на овие резултати, истражувачите откриле дека УВ светлината активира два ензима кои заедно вршат „возбудување“ на електрон во меланинот. Енергијата што се создава во овој процес – позната како хемиексцитација  – се пренесува на ДНК во темница и ги предизвикува истите оштетувања на ДНК што ги прави и сончевата светлина преку ден.

custom-spray-tanИако ова се загрижувачки наоди, научниците нагласуваат дека сепак има и „трошка“ надеж, бидејќи бавноста на хемиексцитацијата дава можност за превенција со средства за заштита, дизајнирани да го блокираат преносот на енергијата.

Енаука.мк (реобјавена статија)

Поддржете ја нашата работа: