Секој пат кога стаорецот (или што и да е нивниот оброк) ќе вдиши – издиши, питонот по малку го засилува стисокот, со што по некое време стаорецот нема да може да земе воздух и ќе умре од задушување.
Сепак постојат неколку недоследности на оваа теорија. На пример, има случај на еден човек од Малезија кој змијата го убила на тој начин што се завиткала околу него и започнала да го проголтува откај главата. Пред да го голтне, неговото тело било извлечено надвор и по аутопсијата се покажало дека има повеќе скршеници на ребрата, вратот и ‘рбетниот мозок. Па, можеби питонот сепак употребува многу сила при стисокот.
Ова е основата на истражувањето на д-р Скот М. Бобак и неговите колеги. Тие направиле еден експеримент при што со помош на современата технологија, во еден стаорец вградиле уреди за мерење и со него ја нахраниле змијата (боа). Како и секогаш, таа се завиткала околу стаорецот и започнала да го голта откај главата.
Научниците се изненадиле кога виделе дека крвниот притисок во рок од 6 секунди се намалил за половина. Доколку стаорецот би бил свесен, веднаш би ја изгубил свеста поради недостаток на крв во мозокот. Во рок од 60 секунди, отчукувањата на срцето исто така се намалиле за половина.
Срцето е пумпа која работи во зона на понизок притисок. Во нормални услови, притисокот во вените е околу 4 mm Hg, додека срцето ја испумпува крвта со притисок од 82 mm Hg. Во тој случај, крвта излегува од срцето кон вените. Но, откако змијата ќе почне да стиска, притисокот во стаорецот за само 6 секунди се зголемува до 160 mm Hg. Не е можно пумпа со излезен притисок од 80 mm Hg да доставува крв во зона со два пати повисок притисок.
Анализите на параметрите на крвта покажале дека стаорецот дефинитивно не умрел од задушување, туку од срцев удар. Питонот, со стисокот, ја прекинува циркулацијата на крвта што брзо доведува до срцев удар. Како и да е, поради недостатокот на крв во мозокот, пленот би се онесвестил уште во првите 6 секунди, пред да му откажат критичните органи.