Живееме во свет во кој технологијата оди чекор понапред со секој нов изминат ден.
Паметните автомобили, дроновите од ден на ден полека почнуваат да стануваат составен дел од нашите животи.
Паметните телефони се пак нешто без кое не би можеле да си го замислиме животот.
Она што е интересно е дека токму тие секогаш имаат некои интересни карактеристики и опции за кои знаеме многу малку.
Совршен пример за тоа е малата дупка која се наоѓа веднаш до камерата на вашиот iPhone. Многумина никогаш и не ја забележале, додека од оние кои ја забележале речиси и да не постои некој кој со сигурност знае која е нејзината функција.
Ова е малата дупка за која зборуваме.
Многу луѓе мислат дека таа претставува всушност некакво копче за ресетирање но тоа е сосема погрешно.
Не обидувајте се во никој случај да ставите каков било предмет во оваа дупка.
Вистината е дека тоа претставува многу мал микрофон чија задача е да го слуша вашиот глас.
Овој микрофон се нарекува елиминатор на бучава и негова задача е да ги отстрани звуците кои доаѓаат во позадина така што вашиот соговорник ќе може јасно да ве слуша. Тој исто така помага во снимањето на вашиот глас без какви било филтри и ѝ овозможува на „Siri“ подобро да го препознае вашиот акцент.
Извор: Crnobelo.com