Какво изненадување спрема „Samsung“ со „Galaxy S8“?

Со надградениот „Galaxy Note 7 фаблет“ кој се΄ уште го чека вистинскиот момент за да се врати во продажба, јужнокорејската компанија следната година ќе ја врати возбудата и ќе ја обнови довербата во брендот „Galaxy“.

Според протечените информации, се шпекулира дека телефонот „Samsung Galaxy S8“ ќе има еден од најмоќните графички чипови на пазарот – „ARM’s Mali-G71“. Овој чип ќе биде споен со екран со резолуција од 4К (што обично е 3840 x 2160 пиксели).

Толку многу моќ и во графичките и во компјутерските способности („octa-core SnapDragon“ процесор), заедно со ултра високата резолуција на екранот укажува на тоа дека тајното оружје на „Samsung Galaxy S8“ ќе биде виртуелната реалност (VR).

„Samsung“ отсекогаш имал потреба да проектира чувство на иновација и најсовремена технологија со своите мобилни телефони. Сега откако заоблените екрани се сметаат за стандарден избор за уредите на„ Samsung“, на јужнокорејската компанија и треба нешто друго за да предизвика вистинско воодушевување.

Ни останува да видиме што овојпат „Samsung“ ќе ни приреди во пролетта на 2017-та година.

Поддржете ја нашата работа: