Ќе се гради орбитална станица на Месечината

Земјите-партнери на Меѓународната вселенска станица подготвија сценарио за изградба на орбитална станица на Месечината која ќе го означи првиот чекор кон истражувањето на далечната вселена, изјави Ирина Романова од вселенската корпорација „Energiya“.

„Започнаа дискусиите за можните конфигурации и потребните елементи на платформата и се надеваме дека предлозите за изградбата и работата на станицата ќе бидат доставени до шефовите на партнерските агенции на Меѓународната вселенска станица во првата половина на следната година“, вели таа.

Оваа орбитална станица првично е предложена од страна на руската вселенска агенција во 2007 година и претставува еден дел од вкупно двете планирани лунарни инфраструктури, како дел од руската програма за истражување на Месечината. Другиот дел е всушност база на површината на Месечината која се очекува да се изгради во 2030-тите години.

Поддржете ја нашата работа: