Ќе се тестира нова вакцина против СИДА

Вакцината ја развил Роберт Гало во текот на изминативе 15 години, воедно првиот научник кој во 1984 година докажал дека ХИВ ја предизвикува болеста.

Првата фаза од тестирањето ќе вклучува 60 волонтери и ќе ја тестира безбедноста и имунолошкиот одговор на вакцината, па се’ уште нема да знаеме дали е поефикасна од досегашните. Досега, биле постигнати позитивни резултати на тестирањата на мајмуни.

Проблемот со ефикасноста на вакцините е тоа што ХИВ директно ги инфицира белите крвни клетки наречени Т-клетки, што значи дека буквално го врти нашиот имунолошки систем против нас. Единствениот начин за да се спречи инфекцијата е да се активираат антитела против површинските протеини на ХИВ, пред да се случи инфекцијата. Со оглед на фактот дека ретровирусите често го менуваат својот вирусен облик за да ги скријат протеините – сето тоа е исклучително тешко.

Роберт Гало и неговиот тим на истражувачи од Институтот за вирологија во САД, сметаат дека откриле момент кога протеинот на ХИВ, познат како „gp120“, е подложен на детекција. Тоа е моментот кога вирусот се поврзува со Т-клетките. Вакцината треба да активира антитела и да го спречи поврзувањето.

Да се надеваме дека конечно имаме добар кандидат за вакцина против СИДА.

Поддржете ја нашата работа: