Кога зборуваме за Кина, воглавно ја спомнуваме во контекст на напредната економија и силниот развој на индустријата. Овој пат Кина се појавува во светските медиуми поради нејзиниот технолошки напредок кој можеби ќе стане стандард во целиот свет.
Во Кина, поточно во северо-источната провинција Сандонг, е изграден првиот соларен автопат. Станува збор за дел од автопатот со должина од скоро 2 километри. Тој дел од автопатот е модернизиран и благодарение на вградените соларни панели може да собира електрична енергија од сонцето и на тој начин да создаде извор на енергија. Иако станува збор за тест, многумна шпекулираат за тоа што ваквата технологија за изработка на патиштата може да направи за автомобилската индустрија.
Имено, ваквиот начин на градање на автопати има неколку предности повеќе од класичниот автопат. Како што вели инвеститорот на Qilu Transport Development Group, панелите покриваат 5875 квадратни метри од автопатот и можат да генерираат 1 милион киловат часови енергија за околу една година, која е доволна за потребите на околу 800 домаќинства.
Натаму, друга главна предност на ваквите патишта е можноста за безжично полнење на автомобилите, односно автомобилот се полни за време додека се вози по автопатот. Трета главна предност е подигање на нивото на безбедноста на патиштата, бидејќи благодарение на ваквата технологија, патот се загрева и може да послужи за топење на евентуалниот снег кој може да се најде на него.
Препрека за изградба на подолги патишта во иднина би можела да биде цената, која изнесува околу четири пати повеќе од онаа за изградба на класичен автопат.
Сепак ваквиот автопат има неколку предност, а помеѓу останатото самиот може да произведува енергија, а со тоа да се заработи. Прашањето е дали оваа технологија може сериозно да заживее, бидејќи сè е сеуште ново и неистражено.