Кина ја гради првата соларна централа во пустината Гоби

Огромниот објект е наречен „Delingha“ и ќе се протега на 25 km² слободно земјиште во провинцијата Чингхаи. Ќе вклучува 6 големи соларни кули поврзани со низа соларни огледала. Централата ќе има капацитет од 200 мегавати, што значи дека ќе може да обезбеди електрична енергија за 1 милион домаќинства во Чингхаи преку целата година. Дизајнирана е за да може да ја складира топлината 15 часа, што значи дека може да гарантира стабилно и постојано производство на електрична енергија.

Првата фаза од изградбата ќе започне со изградба на само две кули за да може да произведуваат по 135 мегавати енергија и да покријат повеќе од 452 илјади домови, а потоа останатите четири ќе бидат довршени за да покриваат 1 милион домови. Кога централата ќе започне со работа, ќе ја намали потрошувачката на јаглен за 4,26 милиони тони годишно што ќе ја намали емисијата на јаглерод диоксид за 896 илјади тони, и емисијата на сулфур диоксид за 8.080 тони.


Овој проект е заеднички развиен од страна на „Shanghai Electric Group“ од Кина и компанијата „BrightSource Energy“ од Оукланд, Калифорнија (која исто така е и партнер на најголемата соларна централа во пустината Мохаве во Калифорнија, која генерира до 393 мегавати енергија). Во моментов, Кина е водечка земја во светот која инвестира во обновливите извори на енергија.

Поддржете ја нашата работа: