Кина откри нов тип на камен на Месечината

Кинеските научници идентификувале нов вид на камења на Месечината. Беспилотната кинеска лунарна сонда, која беше лансирана во 2013 година, истражуваше остатоци на Месечината од како што се смета древна вулканска лава и идентификуваниот минерален состав на овој материјал сосема се разликува од материјалите собрани од страна на американските астронаути од 1969 до 1972 година, или од последниот советски лендер од 1976 година.

Досегашните вулкански камења од месечината беа поделени во две групи камења – камења со високо количество на титаниум или камења со ниско.

Кинеските научници тврдат дека вулканскиот материјал што го истражувале од оваа локација содржи титаниум со средна вредност, но и многу големи количини на железен оксид.

kina mesecina

Според научниците ова укажува дека композитурата на горниот слој од Месечината не е ни малку униформна како што е на Земјата и ова наведува на размислување дека и самата внатрешност на Месечината не е хомогена.

Комплетните резултати од кинеското истражување можете да ги погледнете преку следниов линк.

Поддржете ја нашата работа: