Кина планира мисии на Месечината

Леталото ќе собира дополнителни податоци кои ќе помогнат при планирањето на мисијата „Chang’e 5“ во 2017 година, изјави кинеската централна телевизија.

Мисијата „Chang’e 5“ треба да донесе најмалку 2 кг. камен и примероци од почвата на Месечината. Ако е успешна, тоа ќе ја направи Кина третата земја, по САД и Русија, која исполнува таков предизвик.

Кина веќе има лансирано неколку сонди кои орбитираат околу Месечината, а во 2013 година дури и слета вселенско летало на Месечината, кое вклучувало и ровер, меѓутоа сите тие не биле дизајнирани за да се вратат на Земјата. Кина, исто така, навести и можна мисија на Месечината со човечки екипаж.

Кина го испрати својот прв астронаут во вселената во 2003 година и е единствената земја после САД и Русија која успеала независно да развие патување во вселената. Исто така, лансирала и привремена вселенска станица.

Програмата на Кина имала помош од Русија, но во голема мера се развила независно од Америка.

Поддржете ја нашата работа: