Кина развива нов, напреден вселенски брод кој ќе може да лета во ниската орбита на Земјата и да слета на Месечината.
Според изјавата на главниот инжинер за вселенски бродови Џанг Бајнан, новото леталото ќе може да се врати на Земјата и ќе има простор за повеќе астронаути.
Тој не дал други детали за леталото, но го споредил со вселенскиот брод „Орион“, што го развиваат Европската вселенска агенција и НАСА.
Својата прва вселенска мисија со човечка екипаж Кина ја иамше во 2013 година, но оттогаш напредуваше брзо.
Според астрофизичарот Џонатан МекДауел од Универзтетот Харвард, мината година Кина ја престигнала Русија и се изедначила со САД по број на лансирани ракети. Кина и САД лансирале по 22 ракети, додека Русија 17.
Во последната мисија, кон крајот на мината година, два астронаути поминаа два месеци на кинеската вселенска станица.
Во следните пет години Кина планира да има целосно функционална вселенска станица со постојан екипаж, а во иднина планира и мисија со човечка посада на Месечината.