Кина воведе дронови кои личат на птици за да ги шпиунира своите граѓани

Кина воведе дронови кои наликуваат на јата од птици кои се опремени со високотехнолошка технологија за надзор.

Изградени да наликуваат на птици, овие роботи на небото веќе се користат во 5 провинции во Кина и 30 владини и воени агенции, каде полицијата неколку години ги користи за шпиунирање на своите граѓани. Секоја птица-дрон е опремена со GPS технологија, камера со висока дефиниција и систем за контрола на летањето кој се поврзува со сателити за да овозможи далечинска контрола.

Западните региони на Кина се граничат со Монголија и Казахстан, и во нив живее голем број на муслиманско население. Кинеската влада, наводно, ја смета оваа област како “седиште на сепаратизмот” па затоа сака локалното население подобро да се следи.

“Оваа програма на дронови, наречени гулабици ја води Сонг Бифенг, професор на Северозападниот политехнички универзитет во Ксиан, во северозападна провинција Шанси”, пишува South China Morning Post.

Освен камера дроновите поседуваат и мал елекричен мотор кој овозможува движење на крилата, па луѓето кога од Земјата гледаат нагоре не прават разлика од вистинска птица.

Пред еден ваков дрон да стапи во функција, потребно е да направи 2000 пробни летови. Растојанието на крилата изнесува 50 сантиметри и можат да летаат максимум 30 минути со 40км/ч. Тежок е 200 грама.

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.