Кинески робот ги победил луѓето во квиз на знаење

Дали се роботите попаметни од луѓето?

Робот со име  „Wangzai“ ги победил човечките противници во еден популарен квиз на знаење во Кина.

Роботот е дело на кинеската компанија и интернет пребарувач „Sogou“, а оваа интелигентна машина го привлече вниманието на јавноста со учеството на квизот „Yizhan Daodi”, кинеска верзија на америкаскиот квиз „Who’s Still Standing”.

Се работи за робот со вештачка интелигенција кој располага со богата база на информации и способност да ги имитира луѓето, што му било доволно да победи во квизот каде учествувале високообразовани луѓе, меѓу кои и еден од Харвард.

Публиката уживала во квизот и со овации го поздравувала брзото одговарање на поставените прашања. Роботот одговарал на прашањата во истата секунда штом ќе завршело читањето на прашањето. Тоа било најдобра потврда на претходните тврдења на експертите дека создале робот кој самостојно ги анализира информациите од околината, брзо перципира и одговара на поставените прашања и задачи.

Ова не е единствениот робот со вештачка интелигенција што го произведоа Кинезите во последно време. Минатиот месец роботот „Xiaodu“, дело на технолошкиот гигант „Baidu“победи во натпревар за препознавање на лица и гласови од луѓе.

Технолошките компании од најнаселената земја  веќе неколку години вложуваат големи напори да го преземат водството во светот на вештачката интелигенција, а според официјалните податоци, кинеските компании само минатата година за таа цел потрошиле 2,6 милијарди долари.

Поддржете ја нашата работа: