Кинеското “вештачко сонце” достигна температура на фузија од 100 милиони °C

За потребите на истражување на нуклеарната фузија, научниците кои работат на кинескиот Experimental Advanced Superconducting Tokamak (EAST) реактор, создадоа температури кои се потребни за создавање нуклеарна фузија на Земјата.

– EAST реакторот бил во можност да загрее водород до температури кои изнесуваат над 100 милиони степени Целзиусови.

– Нуклеарната фузија може еден ден да ја обезбеди планетата практично со неограничено снабдување со чиста енергија.

– Сепак, научниците имаат многу пречки кои треба да ги поминат пред технологијата на фузија да стане одржлив извор на енергија.

Научниците во Кина објавија голем чекор напред во поглед на нуклеарната фузиска технологија, која може да ја искористи моќта преку истите процеси кои се случуваат во дофат на ѕвездите.

Во експерименталниот реактор во Хефеи, Кина, истражувачите успеале да загреат водород, во рамките на “вештачкото сонце”, на температура која е повисока од 100 милиони °C, односно 212 келвини, при која тој преминува во плазма. Температурите во внатрешноста на EAST, всушнос се за 7 пати повисоки од центарот на Сонцето, каде додадениот притисок од гравитацијата овозможува да се случи фузија.

На Земјата, екстремните температури се неопходни за создавање на нуклеарна фузија, што се случува кога две јадра се соединуваат и формираат едно, поголемо јадро. Фузискиот процес ослободува огромни количини на топлина и енергија, што е резултат на она што го гледаме додека го набљудуваме Сонцето, или било која ѕвезда на ноќното небо.

Спротивно од фузија е нуклеарната фисија, која настанува кога јадрото на атомите се разделуваат при реакција. Овој процес исто така ослободува огромни количини на енергија и моментално се користи како енергенс на нуклеарните оружја и електрични централи ширум светот. Сепак, нуклеарната фисија остава опасен радиоактивен отпад, додека фузијата е релативно “почист“ процес.

Тоа делумно е и причината поради која научниците од целиот свет, веќе со години се трудат да развијат безбеден и сигурен начин за создавање услови кои се неопходни за нуклеарна фузија. Со тоа, теоретски еден ден на светот може да му се  даде, практично неограничено снабдување со чиста енергија. Неодамнешниот успех на EAST претставува важен исчекор кон таа цел.

Сепак, додека неодамнешните постигнувања во реакторот докажуваат дека “вештачкото сонце” може да произведе екстремни температури неопходни за нуклеарна фузија, а исто така, им овозможи на истражувачите да проучат како плазмата реагира на такви температури, научниците сѐ уште имаат многу да поминат пред технологијата да стане опција за неограничена чиста енергија.

Овие пречки вклучуваат пронаоѓање на богат извор на гориво, одржување на стабилноста во реакторите повеќе од неколку секунди во исто време, и напредување на технологијата за да стане комерцијално одржлива.

Поддржете ја нашата работа: