Кинезите ја освојуваат вселената

Кина има сѐ поамбициозна вселенска програма која вклучува испраќање на луѓе во вселената, и желба за мисии на Марс, како и една на Јупитер.

Откако имаше рекордна година по број на вселенски лансирања, Кина  развива нови планови за истражување на длабоката вселена кои  вклучуваат две мисии  на Марс и испраќање на сонда до Јупитер, пренесува агенцијата Xinhua.

Првата сонда на Марс,  Кина планира да ја испрати до 2020 година .Втората сонда  би требало да донесе примероци  и да изврши истражување на составот, структурата и околината на Марс.

На агендата се уште и истражување на астероид и летало до Јупитер.

Целта на Кина е да стане вселенска сила до 2030 година, со напредна и отворена вселенска индустрија и инфраструктура.

Според плановите што беа објавени кон крајот на минатат година , клучните проекти до 2020 година вклучуваат човечки мисии во вселената, сонди на Месечината, навигацискиот сателитски систем „BeiDou“ и набљудувачката сателитска програма во висока резолуција  „Gaofen“.

 

enauka.mk
9,244наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,762денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.