Кинезите ќе лансираат вештачка месечина, а за тоа имаат необичен мотив

Кина планира да лансира сателит во Вселената кој ќе осветлува до 80 квадратни километри земјиште под себе. Вештачката месечина, како што ја нарекуваат, ќе биде во состојба да замени улично осветлување и веќе некое време е во развој.

Светлината која ќе ја произведува тој сателит ќе биде за осум пати посјајна од вистинската Месечина. Покрај тоа, за разлика од вистинската Месечина, количината на светлина која ќе ја создава вештачката ќе се подесува за да осветлува по потреба од 10 до 80 километри квадратни.

Сателитот ќе биде фокусиран на градот Ченгду, еден од трите најнаселени места во западна Кина. Во таа област живеат околу 14,5 милиони луѓе. Проектот го развива Aerospace Science and Technology Microelectronics System Research Institute од Ченгду, а лансирањето се очекува да се случи во 2020 година.

Од друга страна, постои загриженост околу тоа како вештачката Месечина ќе влијае на луѓето и природата, особено на животните кои се активни ноќе. Затоа, пред да засвети над некој од градовите, сателитот ќе биде тестиран во ненаселена пустина.

 

Поддржете ја нашата работа: