Кинезите откопаа предок на слон стар милиони години

Скелетот од ова праисториско животно бил пронајден за време на ископувања во градот “Zhaotong“ (Провинцијата Јунан во југозападниот дел на Кина). Според проценките на експертите, фосилните остатоци се стари околу шест милиони години.

„Сочувни се скоро сите коски од скелетот, освен коските на черепот и долната вилица“ – велат истражувачите од  Институтот за Археологија во провинцијата Јунан. На местото каде се откриени остатоците, ископувањата и понатаму продолжуваат.

Стегодон бил широко распрострнет во Азија, во епохите Плиоцен и Плеистоцен. Некои видови од овие цицачи се смета дека биле меѓу најголемите  „Proboscidea“ животни. Возрасните единки достигнувале и до 4 метри височина и 8 метри должина, не сметајќи ги 3-метарските заби.

Научниците се надеваат дека ова откритие ќе ја расветли еволутивната историја на родот „Proboscidea“. Според зборовите на палентолозите, токму во Јунан се родени неколку видови на слонови. Почнувајќи од 2007 година, овде не престанува потрагата по фосилите на древните слонови и нивните изумрени роднини.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt