Климатските промени ги зголемуваат алергиите

Климатските промени го трансформираат светот кој го знаеме – се менува обликот на крајбрежјата, температурите растат, бурите се почести и посилни. Сега научниците алармираат за уште една последица, драматичен пораст на алергени во воздухот.

Научниците од универзитетот во Амхерст, Масачусетс известија дека производството на полен од тревата би можело двојно да се зголеми во следниот век поради предвидениот пораст на јаглерод диоксид (СО2) и озон (О3) во воздухот, што значително би влијаело врз здравјето на глобално ниво.

Студијата, објавена во „PLoS One“, беше фокусирана на тревата од видот Phleum pratense“, голем човечки алерген. Тимот ја изложувал тревата на различни концентрации на гасови кои се очекуваат во иднина на Земјата. Откога тревата пораснала, по извесно време ја измериле количината на произведен полен и извадиле алергени- протеини познати како „PHL p5“.

СО2 максимално го забрзува растот на растенијата, додека озонот има спротивен ефект. Истражувачите откриле, како и што очекувале, дека цветањето е пропорционално со зголемувањето на CO2, а покачениот озон ја намалува содржината на алергени во поленот. Но, кога концентрациите на двата се зголемени, вториот ефект опаѓа и расте производството на полен.

Претходните истражувања на други алергени, како што е амброзијата, исто така, покажаа зголемување на алергените. Една обемна студија, што на насловните страници беше објавена во 2011 година во „Зборникот на Националната академија на науките“, покажа дека сезоната на амброзијата е зголемена за 27 дена од 1995 година во некои делови на земјата. Најсеверните области, подложни на повеќе драстични температурни флуктуации, исто така, имаат промена во концентрацијата на алергени. Експериментите покажаа дека удвојувањето на нивото на јаглерод диоксид може да резултира со зголемување од 60 до 90 проценти на производство на полен од амброзија.

Во извештајот, објавен во 2008 година, Агенцијата за заштита на животната средина на САД опиша како концентрацијата на различни видови на дрвја и растенија, кои се познати алергени, може драматично да се зголеми во текот на следните 50 до 100 години. Агенцијата теоретизира дека дрвата како што се јавор и бреза, на кои им е потребна ладна клима, може во целост да изумрат во САД, додека дабот, оревот и борот може да се зголемат. Југозападниот дел може значително да се загрее и да се уништат шумите.

Во меѓувреме, стапките на астма и алергија продолжуваат да се зголемуваат во целиот свет. Поленот, мувлата и другите алергени стануваат се помоќни поради потоплото и повлажно време.

Поддржете ја нашата работа: