Климатските промени имаат најголемо и највидливо влијание во Гренланд

Од брзо топење на мразот до расцепување на глечерите и снежни површини со темни дамки, прекрасните фотографии на Даниел Белтра ни покажуваат како глобалното затоплување и атмосферското загадување го оставаат својот белег на недопрените површини на Гренланд.

1

2

Некои предели на Гренланд се ишарани со темни дамки како резултат на честичките на прашина, чад и пепел кои ветрот ги разнесува. „Темниот снег“ привлекува повеќе сончева светлина и го забрзува процесот на топење.

3 4

„За повеќето од нас, науката е апстрактен предмет, но фотографијата е моќна алатка за да се преведе она што науката ни го кажува за животната средина. Ни носи поинаква перспектива на еколошките проблеми. Ги поканувам сите оние кои се скептици за климатските промени да прелетаат над Гренлад, како што направив јас. Ќе видат илјадници езера и безброј реки формирани на површината на мразот“, објаснува Белтра.

5 6

„Климатските промени имаат најголемо и највидливо влијание во Гренланд. Ова што се случува тука ќе влијае на сите нас“, вели тој.

7 8

Последиците од топењето на мразот на Гренланд веќе се чувствуваат на другата страна на светот, каде што мали острови ја губат својата копнена површина под водената прекривка, како на пример во Тувалу.

9 10

Ако се стопи целиот мраз на Гренланд, нивото на морето ќе се покачи за 6 метри, што значи дека поголемиот дел од големите градови ќе бидат поплавени.

13 14 12

Поддржете ја нашата работа: