Кое е идеалното време за сериозен разговор со партнерот?

Сте помислиле ли некогаш дека е тешко да се поврзете со вашиот партнер затоа што го одбирате погрешното време?

Според едноистражување спроведено од Британската компанија „Asda“, ако треба да имате сериозен разговор со партнерот, најдобро е да почекате после вечерата. Истражувањето е спроведено на 1.000 мажи и жени кои биле во врска и требало да одговорат на одредени прашања за меѓусебните навики при комуникацијата, преференции и сл. Резултатите покажале дека жените се најотворени за сериозни разговори наутро, додека мажите навечер.

Иако ова не е научно истражување и се фокусира на тоа како жените им пристапуваат на мажите за разговор, резултатите откриваат универзална вистина за психологијата на ефективно комуницирање во рамките на една врска.

Психологот д-р Сузан Хајтлер, автор на книгата “The Power of Two: Secrets to a Strong & Loving Marriage“, објаснува дека кога вашиот партнер не е под стрес (или кога е најмалку под стрес) тогаш е најприемчив за тежок односно сериозен разговор. Пред појадокот и за време на појадокот – кога луѓето се преокупирани со обврските кои им престојат во текот на денот, како и нивната работа, или пак пред вечерата – кога се чувствуваат изморено или гладно, се лоши избори за разговор кој бара емотивна подготвеност.

Еве неколку клучни делови од истражувањето што може да ви помогнат да имате продуктивен разговор со вашиот сакан:

  • Жените изјавиле дека најмногу започнуваат сериозна тема на разговор во 8:20 наутро, а мажите дека најверојатно најмногу ќе се вклучат во разговорот во 8:15 навечер
  • Речиси 40% од мажите уживаат во значајните разговори за време на возењето.
  • Најлошото време за да се зборува со еден маж е кога игра видео игри или кога гледа фудбал. Само 1% изјавиле дека ја слушаат жената додека им зборува во тие моменти, а 92% изјавиле дека воопшто не сакаат да започнуваат разговор на сред игра.
  • Повеќе од еден на секои пет мажи изјавиле дека ќе се согласат со барањата на својата партнерка, доколку се побарани пред семејството. 
  • 80% од мажите изјавиле дека зборовите „Треба да зборуваме/ Треба да разговараме“ се најстрашните зборови кога партнерката започнува разговор, додека кај жените тоа се зборовите „Дали е се во ред?“ кога партнерот е свесен дека не е.
Поддржете ја нашата работа: