Кои се 4-те земји кои имаат најдобро здравство во светот?

За едно семејство кое живее во САД, просечниот трошок за здравствена заштита е малку повеќе од 16.000 долари годишно. Овие високи трошоци, заедно со недостатокот на пристап до здравствените установи, како и расните разлики кои постојат, придонеле жителите да се запрашуваат дали можеби преселувањето во друга држава би било решението за нивните проблеми со здравството.

Многу луѓе во САД сакаат да се преселат во Канада заради бесплатната здраствена заштита таму. Но, доколку сакате да престојувате во место со најдобрата здравствена заштита, тоа не би била Канада. Според списанието „International Living“ постојат 4 земји на светот во кои најдобро ќе се грижат за вас доколку сте болни. Тие не се рангирани според целокупниот квалитет на самото здравство, што е тешко да се оцени, туку според трошоците на медицинските процедури.

1. Малезија

Според „International Living“, Малезија има т.н. „бум во медицинскиот туризам“ поради нејзините релативно евтини хотелски соби, сигурен јавен транспортен систем и виза за три месеци која им ја дава на повеќето посетители.

Луѓето доаѓаат во оваа југоисточна азиска земја за популарните третмани како што е естетската хирургија и стоматолошките и дерматолошките работи од страна на лекари од прва класа, од кои многу зборуваат течно англиски и се обучени во Велика Британија или САД. Тие исто така доаѓаат и заради трошоците бидејќи затегнувањето на брадата во Малазија чини двојно помалку отколку во САД.

2. Колумбија

Светската здравствена организација го сместува здравствениот систем на Колумбија на 22 место во светот, што ги победува и Канада и САД и се рангира на прво место помеѓу земјите од Латинска Америка. Владиниот здравствен план бара данок колку само 12 проценти од приходите на пензионерите, а дополнително здравствено осигурување чини околу 400 долари за две лица, не е ограничено во употреба, не дискриминира заради возраста или претходно постоечките услови, и може да се користи при патување во други земји од Латинска Америка.

3. Коста Рика

Има два различни здравствени системи во Коста Рика и двата се со ниски цени и висок квалитет. Граѓаните имаат пристап до јавниот систем, со месечна претплата за две лица што изнесува околу 11 проценти од нивните месечни пријавени примања. После тоа, сите посети од доктор, рецепти, тестирања, операции и итна медицинска помош се покриени. Единствената лоша работа е чекањето.

Во приватниот здравствен систем пак, посетите од доктор, ултразвукот, рендгенот па дури и операциите чинат само дел од цената за истите процедури во САД.

4. Панама

Како и во Коста Рика, и Панама има приватен и јавен здравствен систем. Низ целата земја, може да се оди на доктор без упат, па дури и без закажување и да се направи рендген за 25 долари, мамограм за 30 или крвна слика за 5 долари. Дури не ни треба рецепт за да се добијат повеќето лекови освен антибиотиците, контролираните супстанци и некои лекови за болки. Панама, исто така, им нуди на пензионерите најдобри услови, тие добиваат 20 проценти попуст на сите лекови, медицински услуги и такси.

Поддржете ја нашата работа: