Кои се вистинските ризици и придобивки од ветерниците?

Со воведувањето на секоја нова технологија, особено во голем обем, неминовно е да се постават одредени прашања. Џиновските ветерни турбини предизвикуваат протести кај некои луѓе кои не сакаат присуство на „чудовиште“ во близина на нивните домови. Некои тврдат дека бучавата од турбините на ветер предизвикуваат несакани ефекти врз здравјето.

Кои се вистинските ризици и придобивки од ветерниците?

Производство на енергија

Ветерните турбини се рангирани според нивната максимална излезна моќност. Типични големи турбини на ветер се проценуват на 1,5 MWили мегавати. Ова е нивната просечна максимална енергија додека ветрот дува помеѓу 30-55 километри на час. Постојат 2-3 мегаватни модели на располагање. Под 30 километри на час производството на енергија драстично опаѓа.

Со оглед на тоа дека нема секогаш ветер, а просечната ефикасност на турбините е 15-30%, просечно гледано се добива 3.285 мегавати производство на електрична енергија годишно.

Едно домаќинство користи околу 10.837 kWh енергија годишно, околу 10 мегавати. Така, една ветерница од 1,5 MW е доволна за 320 домови.

Една од главните предности на турбините на ветер е дека тие се чисти и целосно одржливи извори на енергија. Тие не користат никакви ограничени ресурси и не произведуваат никакво загадување или стакленички гасови.

Но, ветерниците сепак предизвикуваат потенцијални проблеми, некои поврзани со здравјето на луѓето, некои не. Нездравствените проблеми вклучуваат расипување на пејзажот и ефектите врз животот на животните.

Една многу реална загриженост е дека големите ветерни турбини се потенцијално опасни по живот за летечките суштества, како што се птиците и лилјаците. Еден преглед на научни студии проценува дека секоја година од ветерниците умираат од  140.000 до 328.000 птици.

turbineМеѓутоа, ако гледаме генерално, домашните мачки убиваат многу повеќе птици, а еднакво голема опасност се и прозорците од високите згради (околу 100 милиони птици годишно).

Всушност турбините се многу поголема закана за лилјаците. Проценките се меѓу 600.000 до 900.000 усмртени лилјаци годишно. Делумно поради тоа што лилјаците еволурале да ги следат струите на ветрот за да најдат храна и пријатели, па турбините ги насочуваат директно во смрт.

Како што расте инфраструктурата на ветерниците, така се додаваат нови карактеристики на изградба за минимализирање на ризиците за птиците и лилјаците.

Влијание врз здравјето – синдром на ветерница?

Некои луѓе кои живеат во близина на турбини на ветер велат дека звуците со ниска фреквенција од турбините предизвикуваат главоболки, вртоглавици, зуење во ушите, како и други проблеми. Оваа група на симптоми поврзани со изложување на турбините на ветер е наречена „синдром на ветерница“.

Факт е дека турбините можат да влијаат на слухот, меѓутоа резултатите не се конзистентни и варираат.

Некои од студиите покажуваат дека ветерниците не генерираат значителна бучава поголемиот дел од времето.

Резимирано, потенцијалната корист од ветерниците ги надминува ризиците. Реалните проблеми можат лесно да се ублажат со промени во дизајнот и избор на соодветни локации.

Енаука.мк (реобјавена статија)

Поддржете ја нашата работа: