Кој бил главен пред диносаурусите?

“Carnufex carolinensis“, или “Каролина касап”, е 9 метри долг влекач и најверојатно предок на помалите рептили и раните видови на цицачи.

Палеонтолозите од  Државниот институт во Северна Каролина и Музејот за природни науки реконструрале делови од черепот, ‘рбетот и горниот дел од телото на “Carnufex“, пронајдени во Чатам Каунти, Северна Каролина. Бидејќи черепот на “Carnufex“ бил на парчиња, со цел да добијат поцелосна слика истражувачите ги скенирале коските и остатоците со површински скенер со висока резолуција. Потоа тие создале три-димензионален модел на реконструираниот череп, со користење на повеќе черепи на блиски роднини за да се пополнат парчињата кои недостигаат.

Остатоците содржат седименти депонирани пред 231 милиони години на почетокот на доцниот Тријас и раниот Џурасик период. Фосилите од овој период се исклучително важни за научниците бидејќи тие се најран облик на крокодиломорфи и тероподни диносауруси, две групи кои прв пат се развиле во периодот Тријас, но сепак успеале да преживеат до ден-денес во форма на крокодили и птици. Откривањето на “Carnufex“, еден од најстарите и најголемите крокодиломорфи во светот, додава нови информации за врвот на копнените предатори.

И претходно беа познати “rauisuchids“ и “poposauroids“, страшни роднини на античките крокодили кои исчезнале во периодот Тријас. Сепак, приказната зад “Carnufex“, укажува дека предците на крокодилите се борат за титулата најголем предатор уште пред населувањето на диносаурусите во Северна Америка.

Како што Тријас периодот се ближел кон крајот, така и бројот на овие предатори е десеткуван.

Подетални информации за еволуцијата на крокодилите, на следниов линк.

Поддржете ја нашата работа: