Кој е најдобриот суперхерој според науката?

Тим на научници од Универзитетот на Лестер преку аритметика ја разрешија можеби најголемата битка на „мултиверзумот“ – кој суперхерој е најмоќен од сите?

Заснован на голем број истражувања објавени од студенти на Универзитетот на Лестер помеѓу 2009 и 2016 година, тимот успеал да создаде „дефинитивен водич за тоа кој херој е најспособен, користејќи научни принципи за да тестираат дали нивните моќи се теоретски изводливи.

На пример, меѓу многуте откритија претставени во истражувањето – кое е објавено во „Journal of Interdisciplinary Science Topics“ и „Journal of Physics Special Topics“ – е и тоа дека Супермен може да собере доволно сила да застане воз во движење, откако ќе помине три дена апсорбирајќи енергијата од сонцето.

Истражувачите исто така тврдат дека иако Супермен може да има поразлична мускулатура од обичните луѓе, не е многу веројатно дека кој било вонземјанин би имал доволна мускулна сила за навистина да запре истрелан куршум, со што неговата репутација на „Челичен човек“ се става под знак прашалник.

content-1465826491-final-superpower-chartИ покрај тоа, авторите на студијата заклучуваат дека Супермен е навистина најсилниот суперхерој од сите, и дека е всушност доволно моќен за да го промени поларитетот на вртењето на Земјата.

Од друга страна, Бетмен е прогласен за најмалку способен суперхерој. На пример, научниците пресметуваат дека кога тој ја користи својата наметка за да „плови“ во воздух, би требало да достигне брзина од 80 километри на час, што, со оглед на тоа што не користи падобран, би имало фатален ефект кога би удрил во земјата.

Другите интересни откритија покажуваат дека Спајдермен може погрешно ја пресмета должината на мрежата со која се ниша од зградите. Бидејќи пајаковата мрежа може да се оптегне до 40 проценти, најголемиот борец против криминалот може да заврши како домашен пајак доколку погрешно пресмета колку мрежа му е потребна, пишува „IFL Science“.

Меѓу хероите кои се сметаат за најмоќни е и Вулверин, чија способност за регенерација го зголемува и неговиот имунитет на болести и патогени зарази. Сепак, Флеш, чии клетки постојано се регенерираат, веројатно би настрадал од зголемена брзина на мутација, со што секоја година би мутирал колку што обичен човек би мутирал за 72 години.

Поддржете ја нашата работа: