Ова е еден од првите тематски текстови кои се објавени на енаука.мк воопшто ( 3 Март 2015 ) и за жал остана непознат за поголемиот дел од јавноста која после скорешната катастрофа што го погоди нашиот главен град со голема заинтересираност ги следи медиумите и очекува објаснувања на некои значајни прашања како што е ова. ( Ќе бевме пресреќни да немаше потреба да го реобјавуваме текстот )
Приказната започнува на годишниот состанок на Американската асоцијација за унапредување на науката во Сан Хозе, Калифорнија 2015 година со презентацијата на главните извештаи за време на дебатата за користење на гео-инженеринг за борба против климатските промени.
Професор Алан Робок еден од водечките светски научници изјави дека пред три години ( поточно на 19 Јануари ), го контактирале двајца мажи кои тврделе дека се консултанти за ЦИА и дека е од особен интерест да им одговори на неколку прашања при што едно од прашањата било „Дали експертите се во можност да детектираат и кажат дали непријателски сили ја контролираат климата во САД ? “, тој изразил сомнение дека целта на повикот е поинаква, односно сметал дека нив повеќе ги интересира прашањето „ Ако американските сили би можеле да вмешаат прсти во климата на останатите земји дали тие би биле свесни за тоа ? „
Проф. Робок изјавува: „Добив телефонски повик од двајца мажи кои што рекоа дека работат како консултанти за ЦИА и би сакале да знаат дали доколку некоја друга земја има контрола над климата, ние ќе знаеме за тоа“?
По кратко размислување им одговорил дека најверојатно би знаеле. Ако се стави доволно материјал во атмосферата за да одрази сончева светлина, ние ќе бидеме во можност да ја видиме поставената опрема, доколку ја има.
„Во исто време, мислев дека тие најверојатно се исто така заинтересирани дали ако ние контролираме туѓа клима, би се открило?”– продолжува професорот.
Професорот Робок, кој ги истражува потенцијалните ризици и придобивки од користењето на стратосферски честички за симулирање на ефектите на климатските промени од вулкански ерупции, е, најблаго речено, исплашен од пристапот. Свесен е дека не секогаш се игра по правилата и не би сакал истражувањата да бидат искористени за непријателски цели.
Формите на гео-инженеринг може да се користат за неутрализирање на ефектите од глобалното затоплување, со користење на методи, вклучувајќи и расејување на сулфурни честички во горната атмосфера за пренасочување на сончевата светлина назад во вселената; засејување на океаните со железо за да се поттикне ширењето на алги и создавање на рефлексивни области на површината на Земјата.
Долгорочните ефекти од таквите стратегии се во голема мера непознати и многу експерти изразија стравувања дека овие техники ќе носат голем ризик.
Големиот извештај за гео-инженеринг е објавен кон крајот на февруари од Американската национална академија на науките.
Извештајот бил финансиран со 600.000 долари и меѓу листата на финансиери на извештајот се „американската разузнавачка заедница”, која ги вклучува НАСА, американската Национална океанска и атмосферска администрација и американското Министерство за енергетика.
Професорот тврди дека ЦИА сакала да го финансира извештајот, но не би сакале да бидат очигледни и да предизвикаат реакција и кај другите држави како во времето на студената војна.
Тој тврди дека американската влада има докажана историја на користење на климата за непријателски акти, повикувајќи се на акција на сеење облаци за време на Виетнамската војна за да можат да ги следат калливите стапки.
Тој тврди дека ЦИА, исто така вештачки создала дожд над Куба со што се уништени шеќерните плантажи.
После објавувањето на неговите изјави во повеќе медиуми :
„ЦИА прашува за можноста да се контролира времето – Еве зошто треба да стравуваме“
„Научник стравува дека шпиунските агенции финансираат оружја за промена на времето“
ЦИА не била достапна за коментар во времето на објавување на информациите.
Денес во светот постојат повеќе видови на вистини и информации затоа ве замолуваме да не завземате ставови за било која теорија или вистина пред добро да ги проучите фактите и изворите од каде што доаѓаат истите.
Во наредните денови ќе се обидеме да обезбедиме повеќе релевантни истражувања на овие теми – следете не и споделувајте ги нашите содржини се надеваме дека ќе придонесеме за повеќе продуктивни дебати.