Кој сака научни експерименти?

Благодарение на развојот на компјутерската технологија, која во изминатите дваесет години, влезе во сите сфери на човечкиот живот, вклучувајќи го и процесот на едукација, денес на интернет постојат голем број на интерактивни научни страници, наменети за студентите, како и за сите кои сакаат да учат, а некои од поинтересните може да ги видите во продолжение.

Molecular Workbench

Наведената страна нуди стотици бесплатни симулации по биологија, нанотехнологија и сродни научни дисциплини. Притоа, како најинтересна се истакнува симулацијата Molecular Self-Assembly, со чија помош можете да се запознаете со настанокот и структурата на комплексните органски и неоргански соединенија.

Electric Motor

Станува збор за интерактивни анимации преку кои студентите можат да се запознаат со деловите и принципот на работа на електричните мотори. Владеејќи со работата на моторите со помош на интерактивните стрелки, може да научите како моторот се однесува при одредени режими на работа.

Convex/Concave Lens

Како што самото име ни кажува, оваа алатка обезбедува можност за создавање на конвексни и конкавни леќи во различни форми, како низ секоја од нив проаѓа светлина на сосема различен начин.

Google Sky

Ова е извонредна алатка од Гугл, која овозможува одличен увид на вечерното небо. Покрај тоа, откако корисникот по пат на сервисот Google Earth ја означи својата локација и ќе премине на Google Sky, на екранот се покажува слика од небото во реално време. Така корисникот може да го гледа вечерното небо на компјутер без да излезе надвор.

Sugar and Salt Solutions

Што се сличува кога во вода ќе додадете шеќер и сол? Што добивате после испарување на водата во која се помешани шеќер и сол? Одговори на овие и слични прашања можете да најдете токму на оваа страна.

Plate Tectonics

Благодарение на симулацијата која ја развиле научниците од Универзитетот во Колорадо, можете да поместувате планини и да создавате океани. Имено, со промената на температурата, составот и дебелината на тектонските плочи, на студентите се обезбедува одличен увид на движењето и еволуцијата на тектонските плочи на Земјата.

Frostbite Theater

Доколку немате во близина течен азот и Ван де Графов генератор, а би сакале да изведувате експерименти, само кликнете на линкот погоре и можете да гледате што се случува кога се плеткате со гасови, изладени на екстремно ниски температури.

Johnson Explorations

Оваа страна нуди широк спектар на разновидни прикази од кои како посебно интересна се истакнува симулацијата за работата на клетките.

How-To Videos

Овој YouTube канал нуди цела низа на образовни видео клипови, за тоа како да се однесувате на час, како да се чува училишната опрема, па се до лабораториски експерименти.

Bouncing Ball

Одлична интерактивна страна која овозможува увид во однесувањето на потенцијалната и кинетичката енергија, на пример, симулирани топки кои е возможно да се фрлат на три различни површини – дрво, цемент и стиропор.

 

 

 

 

 

 

 

 

Поддржете ја нашата работа: