Која е причината за ќелавоста кај мажите?

Обично целиот процес до целосно опаѓање на косата трае 15 до 25 години. Но, сепак, некои мажи оќелавуваат за само 5 години или помалку.

И не може да се направи ништо во врска со тоа. Нема лек (и покрај тоа што ни го кажуваат во рекламите), но постојат два малку ефективни третмани, кои сепак кај некои мажи предизвикуваат непријатни несакани ефекти: „Propecia“ (finasteride), пилула која суштински го намалува нивото на хормони, најдобро функционира во раните денови на опаѓање на косата и може да го забави процесот, и вториот третман „Rogaine“ (minoxidil), кој исто така може да помогне во намалувањето на брзината на опаѓање на косата. Сепак, кај некои мажи негативните последици од овие два третмани ги надминуваат позитивните бидејќи „Propecia“ го намалува сексуалниот нагон, додека „Rogaine“, кој треба да се применува 2 пати на ден, може да ја иритира кожата.

На крај, половина од сите 50 годишни мажи се ќелави или започнуваат да стануваат, додека пак до 60 годишна возраст двајца од тројца мажи се ќелави. Но, вистинското прашање е: Зошто баш Вие?

Многу луѓе веруваат дека губењето на коса се пренесува од страна на мајката. Иако е точно дека клучниот ген за ќелавост е на X хромозомот, кој се добива од мајката, сепак тоа не е единствениот генетски фактор во игра, бидејќи луѓето кои имаат ќелави татковци имаат многу поголеми шанси да оќелават отколку останатите.  Додека некои студии тврдат дека ќелавоста е генетски преодредена, научниците велат дека ќелавоста кај било кој во вашето семејство може да биде знак и за вашата претстојна судбина.

Најчестата форма на губење на косата е резултат на тоа што вашето тело станува многу чувствително на андрогенот, еден вид на машки хормон.

Нормално, секое влакно од косата расте 2 до 6 години, па потоа, по една фаза на одмор, отпаѓа и се заменува со ново влакно. Кога започнува процесот на ќелавост кај мажите, фоликулот (дупката од која косата расте) станува се помала. Почнуваат да растат се помали и потенки влакна, се додека на крај не престанат да растат воопшто.

Додека кај повеќето мажи главниот проблем на ќелавоста е психолошки – особено кога започнува во почетокот на 20-тите години на еден маж – постојат некои физиолошки негативни страни од овој процес. Губењето на коса очигледно го зголемува ризикот за рак на кожата на скалпот. Иако е невообичаено, сепак, научниците ја поврзуваат ќелавоста со зголемена појава на срцеви заболувања, хипертензија како и високо ниво на холестерол.

Додека експретите тврдат дека овие ефекти може да се должат и на вишокот на тестостерон или на гените, едно е сигурно: Мажите кои се соочуваат со опаѓање на косата треба да започнат да го следат својот крвен притисок и холестерол како и да водат грижа за здравјето на своето срце.

Па доколку косата започнува да ви опаѓа, гледајте го како знак да почнете да се грижите за вашето здравје. Време е за промена, откажете се од пушењето, намалето го пиењето и започнете програма со вежби и исхрана за да го зачувате срцевото здравје.

Поддржете ја нашата работа: