Која е разликата помеѓу водородна и атомска бомба?

СПОДЕЛИ

Водордната бомба или уште позната како хидрогенска (Х-бомба) се разликува од обичната атомска бомба, како на пример бомбите што САД ги употреби на Јапонија на крајот на Втората Светска Војна. Заедно, двете атомски бомби кои САД ги детонираше над Хирошима и Нагасаки убија повеќе од 200 илјади луѓе.

Според експерите, водородната бомба е сосема поинаков ѕвер и може да биде и до 1000 пати помоќна од атомската бомба. Еве зошто е тоа така.

Северна Кореја тестираше атомски бомби во 2006, 2009 и 2013 година. Нивните експлозии беа создадени со помош на фисија – или поделба на атомите на помали делови. Тешките радиоактивни елементи како плутониум и ураниум се особено подложни на ова.

Секоја фисија, или поделба на атомот, ослободува огромно количество на енергија. Тоа е истиот вид на енергија која нуклеарните централи ја користат за да произведуваат енергија за домовите.

Но, ако атомите се брзо згмечени еден до друг, може да се случи ефект на отфрлање и речиси сите атоми одеднаш да се поделат при што ќе се ослободи катастрофална експлозија на енергија.

Подолу може да погледнете една илустрација од „Reuters“ која ни покажува два различни модели на атомски бомби. Целта на секоја е да активира традиционални експлозиви на материјали подложни на фисија, како плутониум-239 или ураниум 235 во „суперкритична“ маса која ќе ги дели атомите како луди.

На левата страна е бомба од типот на имплозија, како бомбата детонирана над Нагасаки, која компресира се навнатре. А на десната страна е бомба од типот на пиштол, како бомбата детонирана над Хирошима, која го исфрла нуклеарното јадро директно во центарот за да ја направи масата суперкритична.

Водородните бомби се уште поекстремни. Тие комбинираат два или повеќе атоми во реакција наречена фузија. За да добиете претстава за потенцијалната моќ на бомба создадена на база на фузија, треба да знаете дека ѕвездите како нашето Сонце се толку жешки и светли токму поради реакцијата на фузија.

Основа на нуклеарната фузија претставува процесот каде атомите толку се загреваат што се отстрануваат од нивните електрони, оставајќи ги електроните и јадрата слободно да отскокнуваат во плазмата.

Кога овие јадра ќе достигнат одредена температура – приближно 14.000.000 °C, како што е случај со Сонцето, тие се спојуваат ослободувајќи го тоа огромно количество на енергија што го напојува Сонцето, а што еден ден би можело да обезбеди неограничени количини  енергија на Земјата.

Подолу има уште една илустрација на појачана атомска бомба и водородна бомба. Посебна форма на „тежок“ водород или деутериум е клучен за двете. Тој предизвикува повеќе атоми да се поделат како резултат на фисија, и со тоа да ослободат повеќе енергија одеднаш.

За да се предизвика фузија, би било потребно еден тон енергија, поради што бомбата создадена со помош на фисија мора да се детонира прва. Всушност, водородните бомби се состојат од две бомби – бомба создадена на база на фисија и бомба на база на фузија.

Така, внатре во водородната бомба, најпрво првата бомба со помош на фисија ослободува експлозија на моќни Х-зраци фокусирани кон бомбата на фузија. Овие Х-зраци ја активираат бомбата на фузија, при што се создава експлозија доволно моќна за да се спојат еден куп на атоми, да се претвори таа материја во чиста енергија и да се создаде експлозија која е застрашувачки помоќна од атомската.

Еве го целосниот графички приказ на „Reuters“ кој ги споредува сите видови на бомби.

Дискусија

Коментари