Колкава маса има нашата галаксија?

Според последните проценки на астрофизичарката Гвендолин Иди, нашата галаксија има маса еднаква на 7 x 1011 сончеви маси, или со други зборови Млечниот пат има иста маса како 700 милијарди сонца. За споредба, Сонцето има околу 330 илјади пати поголема маса од Земјата.

Ова се прилично луди бројки, но астрономските пресметки на масата се важен дел од откривањето на тоа како настанал Млечниот Пат и како ќе се развива понатаму.

Масата на галаксијата ги вклучува сите нејзини ѕвезди, планети и месечини, како и гасовите, прашината и другите космички материјали. Тоа е само видливата материја, а не треба да ја заборавиме и темната материја која се’ уште претставува мистерија за научниците, а се проценува дека сочинува околу 88% од масата на Млечниот Пат.

Покрај тоа, фактот што се наоѓаме внатре во галаксијата која сакаме да ја измериме дополнително ја отежнува работата, објаснува Иди за „The Guardian“.

„Имаме хелиоцентрична перспектива – гледаме се’ од перспективата на позицијата и движењето на нашето Сонце низ галаксијата. Затоа е важно да се земе предвид движењето и позицијата на Сонцето кога се мерат движењата и положбите на другите објекти во Млечниот Пат“, објаснува таа.

Наодите беа презентирани на годишниот состанок на Канадското астрономско друштво и се доставени до „The Astrophysical Journal“ за да бидат објавени.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.