Колку долго треба да трае сексот?

Притисокот на мажите за нивната издржливост во креветот, покрај големината, е наметнат пред се’ од модерната поп култура. Но, колку минути се доволно, а колку минути се премалку кога станува збор за сексуалниот однос според науката?

Најпрво, како да го дефинираме почетокот и крајот на сексот, со оглед на тоа што сексот е многу повеќе од едноставно пенетрирање на пенисот во вагината и ејакулација?

Без оглед на тоа, Д-р Брендан Зич, психолог од Универзитетот во Квинследн, спровел истражување за тоа колку долго трае пенетративниот секс кај хетеросексуалните парови, односно сексот само од моментот на пенетрација до ејакулација.

Тој го мерел официјалното време според податоците од 500 парови кои со помош на стоперица си го мереле времетраењето на сексот во период од 4 недели.

Наодите го покажале просечното време на траење за секој пар, кое варирало од 33 секунди до 44 минути, а вкупниот просек на сите парови заедно изнесувал 5,4 минути.

shutterstock_216753517Интересно е тоа што употребата на кондоми не влијаела на издржливоста и времетраењето на сексот, наспроти популарното верување меѓу мажите дека кондомот ја намалува ерекцијата и чувствителноста.

Земјата на потекло исто така не влијаела на времетраењето на сексот (освен Турција каде што времетраењето било најкратко и изнесувало 3,7 минути), додека возраста имала значително влијание и тоа колку постари – толку пократок секс.

Па, да заклучиме, овие наоди покажуваат некој просек за времето од моментот на пенетрација до моментот на ејакулација, но јасно е дека не постои „нормална“ дефиниција за тоа колку трае или колку треба да трае еден „нормален“ сексуален однос. Едноставно препуштете се и уживајте во моментот без да внимавате на времето. Задоволството нема бројка!

Поддржете ја нашата работа: