Колку е корисен чајот?

Водителот на „Healthcare Triage“, педијатарот д-р. Арон Карол, прави преглед на најпознатите студии кои ги истражуваат здравствените придобивки од чајот и ги објаснува на разбирлив начин.

Откако истражувачите анализирале 15 различни студии поврзани со конзумирање на чај, откриле дека две дополнителни шолји чај дневно го намалуваат ризикот од развој на дијабет за 4,6 проценти. Многу луѓе веруваат дека зелениот чај помага во намалувањето на тежината, но сепак само осум студии покажале дека конзумирањето на овој чај доведува до мало намалување на тежината.

Кога ќе се разгледаат сите студии заклучокот е дека константното долгорочно конзумирање на чај има благотворно дејство врз организмот.

Пиењето на 3 шолји чај дневно доведува до:

· 37 проценти помал ризик од депресија

· 27 проценти помал ризик од срцева коронарна болест

· 26 проценти помал ризик од смрт од срцеви заболувања

· 24 проценти помал ризик од прерана смрт

· 21 проценти помал ризик од мозочен удар

· 21 проценти помал ризик од крварења во мозокот

· 16 процени помал ризик од исхемичен инсулт (вид на мозочен удар)

· 11 проценти помал ризик од рак на матката (важи само за зелениот чај)

 

Поддржете ја нашата работа: