Колку изнесува најдолгата молња снимена досега?

Молњата обично е кратка и брза, а не долга и бавна. Но, новиот извештај на Светската метеоролошка станица ја издвојува најдолгата молња снимена досега, во однос на време и далечина.

Најдолгата молња снимена досега, во однос на далечина, опфатила растојание од речиси 300 километри, а се протегала над државата Оклахома на 20 јуни 2007 година.

Ова откритие само ги зајакнува информациите во врска со ударите од гром, особено за молњите кои можат да патуваат огромни далечини од бурата. Затоа експертите советуваат кога грми да останете дома.

Но, оваа најдолга молња била само еден краток блесок. Рекордот за најдолга молња во однос на време го држи молњата во Франција на 30 август 2012 година која траела неверојатни 7,74 секунди.

Разликата е толку голема што извештајот за светски рекорди објавен во билтенот на Американското метеоролошко здружение препорачува да се промени сегашната дефиниција за електрично празнење во „серија на електрични процеси кои се одвиваат континуирано“, наместо „серија на електрични процеси кои се одвиваат во рок од 1 секунда“.

За да ги ставиме тие 7,74 секунди во перспектива, ќе напоменеме дека тоа е нешто помалку од две секунди побавно од рекордот на Јусејн Болт во трка на 100 метри.

Поддржете ја нашата работа: