Колку вода треба да пиете дневно?

Водата е неопходна за пренесување на хранливите материи до клетките, за исфрлање на бактериите од системот, за спречување на дехидрацијата и за замена на течностите што се губат со потењето, но можеби не треба да пиете толку многу вода како што мислите.

Од Хардвард објавија нови препораки за конзумирање на вода кои го предизвикуваат долгогодишното правило за конзумирање на 8 чаши од 200-250 мл. вода на ден, за што тие велат дека не е засновано на наука, туку на образована претпоставка за тоа колку вода му треба на телото за да остане хидрирано.

Хардвард препорачува конзумирање на 900 до 1.500 мл. вода дневно, што е еднакво на приближно 4 до 6 чаши вода. Но, тимот на истражувачи не препорачува само пиење на вода во овој оптимален стандард, туку воопшто течности за да се помогне хидратацијата. Дури и одредени видови храна, како лубеницата, зелената салата, спанаќот и супите го  снабдуваат телото со течности, па заедно со водата може да задржат и процесираат здраво количество на вода во организмот. Сепак, на бремените жени и доилките, како и на спортистите, односно сите оние лица кои вежбаат, може да им биде потребно повеќе од стандардните 6 чаши.

Неодамна, група експерти од целиот свет заеднички напишаа студија за конзумирањето на вода, која беше објавена во „Clinical Journal of Sports Medicine“, и предупредија дека пиењето вода кога не сте жедни може да биде опасно по здравјето. Особено спортистите имаат најголем ризик за пиење на вода до точка на хипонатремија предизвикана од вежбањето, што се јавува кога бубрезите се преплавуваат со големи количини на вода и не можат ефикасно да ја обработат течноста. Ниското ниво на натриум во телото не може да ја балансира количината на вода, што со текот на времето доведува до отекување на клетките и во најтешките случаи до смрт.

 

Поддржете ја нашата работа: