Во попладневите часови на 09 август, четири пропелери го кренаа необичниот дрон на небото, и за точно 22 часа, 29 минути и 38 секунди тој конечно слета назад на Земјта, на 10 август.
Дронот слета како носител на нов рекорд: најдолгиот лет со вертикално полетување и слетување или авиони „VTOL“.
Рекордот направен од страна на „HG-60 hybrid quadcopter“ на „Latitude Engineering“ го надмина претходниот рекорд на дронскиот хеликоптер „Boeing A160 Hummingbird“ во 2012-тата година.
Еве како изгледа полетувањето:
Овој дрон е дел од серијата на „Latitude Engineering“ каде што четири помали ротори го поткренуваат и слетуваат возилото. Откако ќе се најде во воздух пропелер туркач овозможува удар, и крилестиот дрон лета како авион. Тимот на „Latitude“ работел на овој дизајн неколку години, рафинирајќи го првиот концепт во половина дузина конструкции.
За овој тест, дронот користел камера и радио какви што би користел кога навистина би се употребувал. Демонстрацијата била дел од Здружената теренска експериментална програма на Поморските постдипломски студии, придружена со војска, и професионалци за јавна безбедност, вклучувајќи ги и Специјалните операциони сили, за да се следи оваа технологија во живо и да се обезбеди повратен одговор.
Еве како изгледа дронот во лет:
Претходниот рекордер „Boeing’s A160 Hummingbird“ летал 18 часа и 45 минути во 2010-тата година. Наменет за пренос на комуникациска и опрема за видео надзор на војската, овој дизајн бил склон кон паѓање, па Армијата на САД на крај го откажала во 2012-тата година.
Ваков дрон како „HG-60“ кој може да лета доволно долго без елаборирана инфраструктура за полетување или слетување, може да претставува мобилно и многустрано око на небото за војниците кои оперираат на нова територија надвор од својата база.
Погледнете еден претходен лет на леталото подолу: