Конечно функционален лек за дијабетисот

Денес e светскиот ден на дијабетисот, и на овој ден тимот на enauka.mk реши да го сподели со вас  најреволуционерното откритие во лекувањето на оваа болест како и личната борба на еден родител и да се обиде да им даде мотив на дијабетичарите и нивните семејства да истраат во борбата со оваа болест со надеж дека резултатите од ова истражување наскоро ќе можат да се применат и кај нас.

Водечкиот истражувач на тимот од Харвард кој го објави истражувањето пред неколку недели во списанието „Cell“ се вика Даглас Мелтон и крајот на ова 15 годишно истражување за него може да претставува остварување на сонот на секој родител , „децата да му бидат здрави и среќни“.

Личното искуство на професорот Мелтон со дијабетесот започнува во моментот кога на неговото 6 месечно синче Сем му е дијагностициран дијабетес мелитус тип 1 , за да подоцна истата дијагноза ја добие и неговата 14 годишна ќеркичка.

Можеме само да претпоставиме колку време и енергија има вложено д-р.Мелтон во своите истражувања но сметаме дека за него доволно зборуваат фактите :

  • Добитник е на неколку престижни награди
  • Неколкупати оценуван од „Тimе“ како еден од највлијателните луѓе на светот
  • Во 2001 кога америчката администрација го крати буџетот за дел од неговите истражувања , тој собира приватни донации и врши истражувања кои се преточуваат во 17 стручни публикации чии резултати ги споделува бесплатно со сите светски научници

Во моментов многу луѓе со дијабетис мора редовно да го контролираат нивото на шеќер во крвта и да се боцкаат со инсулин инјекции за да го држат шеќерот под контрола. Тоа воопшто не е совршен третман. Луѓето со лоша контрола на дијабетисот можат да се соочат со многу компликации како на пр. слепило, ампутации или срцеви напади.

Истражувачите досега имаа постигнато одреден успех преку трансплантација на клетките што продуцираат инсулин од човечки труп(cadaver) на луѓе со дијбетес. Но многу е тешко да се обезбедат доволно клетки за третман на голем број луѓе. Затоа натамошните истражувања беа во насока да се произведат повеќе клетки на полесен начин.

Во новото истражување, објавено во списанието „Cell“, д-р. Мелтон и неговиот тим презентираат на кој начин човечките ембрионални матични клетки може да се претворат во т.н. бета клетки (beta cells) од панкреасот кои продуцираат инсулин.


Овие клетки  истражувачите ги трансплантирале во глувци со дијабетес и добиле многу јасен и брз ефект.

“Можеме да го излечиме дијабетесот веднаш – за помалку од 10 дена. Ова откритие ни овозможува да произведеме неограничен број клетки кои можат да се користат  во трансплантациона терапија на дијабетесот. Успеавме да направиме милиони клетки кои се во можност да го „прочитаат“ нивото на шеќер во крвта што се појавува веднаш после јадење и да испуштат точно онолку инсулин колку е потребно тој да се регулира” –вели  Мелтон.


Многу  научници  го поздравија ова истражување како голем чекор напред, според професорот Хозе Оберхолцер од Универзитетот Илиноис „ова истражување е поголемо од откривањето на инсулинот“

Тој вели дека „откривањето на инсулинот е многу значајно откритие кое со сигурност спаси милиони луѓе , но сепак тој не им овозможи на истите тие луѓе да живеат нормален живот. Откритието на Даглас Мелтон ќе им понуди на овие луѓе нешто што јас го нарекувам – функционален лек, овие луѓе доколку добијат трансплантација на овие клетки нема повеќе да бидат дијабетичари.“
diabetes cureНо некои луѓе се противат на секакво истражување кое вклучува човечки ембрионални клетки – од морални причини, бидејќи се уништуваат човечки ембриони.

Со цел да им „удоволи“ и на овие луѓе д-р. Мелтон смета дека може да произведе инсулински клетки користејќи друг вид стем клетки познати како индуцирани плурипотентни стем клетки (анг. induced pluripotent stem cell) кои не уништуваат ембриони. Тој се обидува да открие дали и тоа, исто така, функционира и се надева дека во рок од три години ќе може да започне со тестирање на инсулинските клетки кај луѓето со дијабетес.

Почитувани пријатели  моментално сме во тест период на интернет порталот за наука и технологија enauka.mk . Нашата идеја е да создадеме медиум преку кој ќе се запознаваме со најновите релевантни светски истражувања и достигнувања, кои треба да придонесат како за поголема инволвираност на стручните лица и државните институции така и за поттикнување нови идеи и критичко размислување кај сите нас.

Вашата поддршка со коментари и сугестии ни значи многу во овој наш развоен период и за тоа сме Ви однапред благодарни!     

{loadposition like_article}
Поддржете ја нашата работа: