Конечно потврден нов вид птица


Сулавескиот пругаст„ flycatcher“ (Muscicapa sodhii) се одликува со шарено грло и кратки крилја. Пронајдена е во пошумените низини на Сулавеси, каде што и последен пат е забележана. Во извештајот во „PLoS One“ се наведува дека новиот вид е значително различен од другите „flycatchers“ по своите пердуви, структура на телото, звук и генетика, со што всушност се докажува дека се работи за сосема нов вид. Бидејќи птицата опстојувала во регионот опкружен со какао плантажи, во моментов не е во опасност од исчезнување, освен ако тој регион не се индустријализира.

Сметајќи дека 98 проценти од птиците во светот се опишани, пронаоѓањето на нови видови е доста редок момент. Новиот вид, пронајден од страна на Џ. Бертон С. Харис и неговите соработници, го чека официјалниот научен опис од 1997 година, кога птицата првично беше забележана во трнлив остаток од шумата. Во тоа време, се мислело дека се миграциски сиво – пругасти „flycatchers“ (Muscicapa griseisticta).

Откритието на оваа претходно непозната птица уште еднаш покажува колку ние допрва треба да учиме за биодиверзитетот на оваа планета, а особено на биодиверзитетот на тропските предели. Иако птиците се меѓу најинтензивно изучуваната класа на ‘рбетници на Земјата , научниците се’ уште откриваат нови видови.

Поддржете ја нашата работа: